Германија со победа ги стартуваше квалификациите за Европското првенство во 2020 година, откако во драматичен меч на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам прво загуби водство од 0:2, за потоа со гол во 90-тата минута да стигне до 3:2 победа над Холандија.
Лирој Сане и Серж Гнабри им донесоа на „панцерите“ на Јоаким Лев 0:2 водство по првите 45 минути, но Мемфис Депај ги предводеше „лалињата“ до кам-бек, прво со аситенција од Матијс де Лихт во 48. минута, а потоа со гол во 63. минута. Но, фудбалот се игра 90 минути, и Германија уште еднаш го демонстрираше тоа, откако Нико Шулц од Хофенхајм доби добра топка од Марко Ројс и ги замолче домашните навивачи.
Белгија, пак, ја забележи втората победа во квалификациите, откако на гостувањето кај Кипар го реши победникот во првите 20 минути. Еден Азар во својот 100. меч за Белгија во 10. и Мичи Батшуаи во 18. минута беа стрелци за „ѓаволите“.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРО 2020, 2.КОЛО
ГРУПА Ц
Холандија – Германија 2:3
Северна Ирска – Белорусија 2:1
Табела: 1.С.Ирска 6,1.Холандија 3, 3.Германија 3, 4.Естонија 0, 5.Белорусија 0
ГРУПА И
Кипар – Белгија 0:2
Табела: 1.Белгија 6, 2.Кипар 3, 3.Русија 3, 4.Казахстан 3, 5.Шкотска 3, 6.Сан Марино 0
Фото: ЕПА
ХОЛАНДИЈА – ГЕРМАНИЈА 2:3
СЕВЕРНА ИРСКА – БЕЛОРУСИЈА 2:1