Мануел Нојер нема да ја носи лентата „One love“ на која има бои на виножито против репрезентацијата на Јапонија. Сепак, против Шпанија во недела, Германците се надеваат дека ситуацијата може да биде поинаква.
Фудбалскиот сојуз на Германија поднесе тужба против ФИФА до Судот за спортска арбитража.
ФИФА, пред почетокот на Светското првенство им се закани на сите капитени кои најавија дека ќе ја носат спорната лента.
„Капитенот кој носи лента „One love“ ќе добие жолт картон пред почетокот на натпреварот.“
Доколку Судот во Лозана експресно ја реши тужбата, Германците се надеваат дека Нојер, во недела ќе има лента со бои на виножитото. Судот за спортска арбитража има ад-хок служба која може да одлучува за некои прашања во рок од 48 часа.
Инаку, Германците загубија еден спонзор поради откажување од носењето на лентата „One love“. Еден ланец на супермаркети се повлече од спонзорството на Германскиот фудбалски сојуз.