Top Sport

Германија има нов капитен

Новиот селектор на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман одлучи да го смени капитенот на националниот тим.

Во иднина тимот на теренот ќе го предводи Илкај Гундоан, кој го воодушеви новиот селектор со своите настапи на двата натпревари, на американската турнеја.

Германија најпрвин ги победи САД со 3:1, а потоа ремизираше со Мексико 2:2.

Претходен капитен на репрезентацијата беше Мануел Нојер, но тој долго време е отсутен поради повреда, откако минатата година за време на зимската пауза заработи скршеница на ногата и дури сега се врати на тренинзите со тимот на Баерн, додека големо прашање е дали повторно ќе игра за репрезентацијата.

Тренерот Нагелсман изјави дека разговарал со Нојер.

„Вистина е дека разговарав со Мануел по телефон. Тој добро ја прифати мојата одлука да го сменам капитенот, тој е вистински професионалец“, изјави Нагелсман.

Германија се подготвува за Европското првенство каде е домаќин, а голем е притисокот врз Нагелсман кој има задача да направи добар резултат со репрезентацијата на домашен терен.

Scroll to Top