Top Sport

Златан одговори на прашањето кој е најдобриот со кого ја делел соблекувалната

Златан Ибрахимовиќ, одговори на неколку кратки прашања во интервју за „Газета дело Спорт“.

Изненади со одговорот на прашањето за најдобриот играч со кој играл во кариерата.

Име? Бог.

Прекар? Ибракадабра.

Како беше на училиште? Одлично, најдобро.

Еден збор што би го искористиле за да се опишете себеси на теренот? Комплетен.

Еден збор да се опишете себеси надвор од теренот? Комплетен.

Дали ви недостасува ФК Милан? Да.

Најдобриот напаѓач во моментов? Имам двајца, Халанд и Мбапе.

Вашиот најдобар гол? Против Англија.

Кој ќе биде шампион на Италија оваа сезона? Милан.

Најдобар играч со кој си играл? Патрик Виера.

Најдобриот дефанзивец против кој игравте? Малдини, Неста, Кјелини… Не можам да изберам само еден.

Хоби? Тренинг.

Scroll to Top