Top Sport

Германија остана во игра за четвртфинале на ОИ во Токио

Фудбалската машка олимписка селекција на Германија предмалку со 3-2 славеше против Саудиска Арабија и така си ги задржа шансите за пласман во четвртфинале на ОИ во Токио.

Во последниот денешен меч, во рамки на групата Д Германците потешко од очекувањата славеа триумф иако од 66 минута беа со играч помалку на теренот.

Амири во 11 минута донесе предност за „панцирите“, но Арабија израмни во 30 минута со првиот гол на Ал Најеи.
Повторно Германија дојде во водство, во 43 минута. На асистенција на Амос Пиепер, Аче погодува за 2-1.

На стартот на вториот дел азиската селекција, во 50 минута повторно израмни, со вториот гол на мечот на Ал Најеи.
Следуваше црвениот картон на Пиепер во 66 минута, но сепак Германците тргнаа по останатите два бода.

По асистенција на Крусе, Удохаи во 75 минута ги постави конечните 3-2.

Пред последното коло во оваа група Германија има 3 бода, а Бразил и Брегот на Слоновата коска по 4. „Панцирите“ мораат да го победат Брегот во последното коло ако сакаат да обезбедат четвртфинале.

Scroll to Top