Top Sport

Ојарзабал по 21 година и 515 минути даде гол за Шпанија на Олимпијада

Микел Ојарзабал е спасителот на „Фуријата“. Со неговиот погодок во 81 минута на мечот Шпанија – Австралија „Фуријата“ успеа да ги освои трите бода на олимпискиот фудбалски турнир во групата Ц, но успеа да „скрши малер“ – прв погодок за Шпанија по цели 21 година или 515 минути на Олимпијадите.

Шпанците доминираа на мечот со „кенгурите“, а по асистенција на Асенсио, Ојарзабал го постигна единствениот погодок на мечот.

Сега Шпанија со 4 бода по 2 кола (реми со Егимет во првиот меч) е на првата позиција на табелата. Сепак, во последното коло не смеат да загубат од Аргентина за да не зависта од исходот на мечот меѓу Египет и Австралија.

Во меч од групата А на турнирот домашната селекција на Јапонија со 2-1 го совлада Мексико и сега е прва во групата со 6 бода.

Во меч од групата Б, Јужна Кореја беше убедлива со 4-0 против селекцијата на Романија, па сега по 2 кола тука сите 4 селекции (плус Хондурас и Нов Зеланд) се со по 3 бода.

Scroll to Top