Top Sport

Германска деталност: Тухел ќе постави 8 камери да ја следи работата на играчите

Менаџерот на Челси, Томас Тухел сака да го продлабочи својот детален пристап на работата, откако на тренинг-центарот во Кобам ќе се инсталираат осум камери кои ќе ја следат работата на неговите играчи, јавува „Сан“.

Клубот веќе поднел барање за поставување на осум столба на кои ќе се постави технологијата со која тој потоа ќе може да ги следи индивидуалните работи на своите играчи. Со камерите, Тухел ќе може да ги разгледува снимките на работата на фудбалерите од сите агли, и веднаш да направи анализа.

Тухел ги препороди „сините“ минатата сезона, носејќи ги до титулата од Лигата на шампионите и до топ 4 пласман во Премиерлигата, а во новата сезона тие се на првото место на табелата барем до денешното дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер сити, откако победија пет од првите седум меча во лигата.

Scroll to Top