Дуелот помеѓу Борусија Менхенгладбах и Фрајбург во 14. коло од германската Бундеслига е пресметка помеѓу високопласираниот Фрајбург и нископласираните Менхенгладбах, но никој не можеше да замисли дека по само 27 минути од мечот ќе биде 0:5 за гостите од Фрајбург.
Тимот на тренерот Кристијан Штрајх започна фуриозно – веќе по две минути Макс Егештајн постигна гол за водство, за во петтата минута да биде 0:2 (Кевин Шаде), за во 13. 0:3 (Кристијан Линхарт), а во 19. минута 0:4 (Нико Хофлер). Петардата за само 24 минути ја комплетираше Лукас Хелер.
Што уште може да се случи до крајот?