Навивачите на Ливерпул се организираат да му дадат поддршка на Кристијано Роналдо на денешното луто дерби со Манчестер јунајтед, откако ѕвездата на „ѓаволите“ вчера потврди дека заедно со партнерката Георгина Родригез трагично го загубија нивниот новороден син.
Двојката објави дека нивниот син починал кратко по пораѓањето на Родригез со близнаци, а нивната ќеркичка, за среќа е жива. Многу фанови, соиграчи и луѓе од фудбалот преку социјалните мрежи пратија сочувство до Португалецот, а сега дури и лутите ривали од Ливерпул планираат да направат убав гест.
Преку социјалните мрежи, навивачите групи на Ливерпул сакаат да оддадат почит со аплауз во седмата минута за Роналдо.
„Ако имате среќа да присуствувате на мечот, тогаш ве молиме да пратите порака за почит за Кристијано Роналдо и неговото семејство со аплаузот во седмата минута. Ривалствата треба да се стават на страна при вакви срцепарателни услови. You’ll Never Walk Alone, CR7 Jr“, стои во пораката.
Liverpool fans are planning to stage a minute's applause in the seventh minute for Cristiano Ronaldo during Manchester United's visit to Anfield on Tuesday evening following the heartbreaking news of his baby son's death. pic.twitter.com/KvtHHi89sl
— SPORTbible (@sportbible) April 19, 2022