Top Sport

Геце продолжува со Ајнтрахт до 2026

Пред утрешното финале од германскиот ДФБ куп, Ајнтрахт Франкфурт потврдија дека германскиот херој од СП во 2014 година, Марио Геце добива продолжување на договорот до 2026. Ајнтрахт во утрешното финале ќе се судрат со РБ Лајпциг за големат титула.

30-годишниот Геце пристигна во Франкфурт од ПСВ Ајндховен минатото лето и имаше дури 45 настапи во сите натпреварувања со клубот, постигнувајќи три гола и додавајќи девет асистенции.

„Знаевме дека добиваме голема личност во соблекувалната минатото лето и Марио го потврди тоа секој ден со својот карактер и со својата работа. Тој е центар на нашиот тим и со овој потпис можеме да почнеме да ја планираме следната сезона“, вели спортскиот директор на Ајнтрахт, Маркус Креше.

Scroll to Top