Top Sport

Серхио Рамос си заминува од Пари Сен-Жермен

Шпанскиот ветеран Серхио Рамос потврди дека си заминува од Пари Сен-Жермен на крајот на сезоната, откако францускиот шампион не му понуди обновување на договорот.

Рамос пристигна на „Паркот на принцовите“ од Реал Мадрид пред две години, откако „кралевите“ не му понудија продолжување на договорот и имаше две неимпресивни сезони во француската Лига 1.

Ова беше посебно изразено во првата сезона, во која имаше минимален број на настапи поради серијата повреди.

Scroll to Top