Top Sport

Гигс: Ме боли кога ќе кажам дека Ливерпул ја заслужија титулата

Селекторот на Велс Рајан Гигс посочил дека Ливерпул биле фантастични во текот на целата сезона надевајќи се дека репрезентацијата ќе може да усвои некои елементи кои Јирген Клоп ги имплементирал во играта на Ливерпул.

Гигс во едно интервју рекол дека не може да негира дека играѕа на „црвените“ под командата на Клоп била инспиративна.

„Што видовме оваа сезона? Дека Ливерпул е одличен тим предводен од брилијантен тренер. Како навивач на Манчестер Јунајтед ме боли што го велам ова но тие навистина имаа фантастична сезона“, рекол Гигс за „Скај Спорт“.

„Сезоната ќе продолжи и тие ќе ја освојат титулата која ја заслужија. Искрено тие немаа една туку две брилијантни сезони. Минатата сезона до последното коло го притискаа Манчестер сити. Навистона се одлични за гледање. Има неколку работи кои ги презедов од Ливерпул, би сакал да ги имплементирам во играта на Велс“, заклучил Гигс.

Scroll to Top