Top Sport

Завршниот турнир во ЛШ ќе се игра во Германија

УЕФА не отстапува од планот да ја заврши сезоната во Лигата на шампионите. Сезоната ќе продолжи во август кога треба да се одиграат сите преостанати натпревари, а за завршницата е предвидено да се игра Фајнал Фоур турнир.

Европската куча на фудбалот планира Лигата на шампионите да продолжи на 7 и 8 август со осмина-финалните реванши Јувентус-Лион, Манчестер сити-Реал Мадрид, Баерн Минхен-Челси и Барселона-Наполи.

Четврт-финалните натпревари на програмата треба да бидат на 13 и 14 август и тие биде играле на неутрални терени.

Завршниот турнир на четири екипи би се одиграл кон крајот на август.

Домаќин би требало да биде Истанбул, но според шпекулациите УЕФА размислува завршниот турнир да го премести во Германија.

Бундеслигата меѓу првите продолжи по паузата и покажа дека организациски може да се носи со предизвиците.

Овие информации УЕФА би требало да ги потврди на наредната седница на Извршниот одбор.

Scroll to Top