Рајан Гигс, фудбалерот со најмногу настапи за Манчестер јунајтед, две децении беше активен како играч. Тој во едно интервју открил кој му бил најтешкиот противник.
„Тврди играч. Еднаш во Лигата на шампионите ми го скрши носот. Навистина имаше се што треба да има еден врвен фудбалер. Хавиер Занети е најтешкиот противник што сум го имал во кариерата. Секогаш многу трчаше. Знаеше да се брани, а имаше техника како играч од редот за врска“, рекол Гигс.
Велшанецот за Манчестер јунајтед одиграл 963 натпревари, постигнал 168 голови.