Top Sport

Гигс завршил во полициска станица

Селекторот на Велс, Рајан Гигс, завршил во полициска станица под сомение дека ја злоставувал својата девојка. „Сан“ пишува дека, во неделата вечерта, полицијата поради пријава за физичко злоставување влегла во неговиот дом. Наводно Гигс ја повредил својата девојка Кети Гривил.

„Девојката се здобила со лесни повреди“ се наведува во полицискиот извештај.

Гигс бил пуштен на слобода откако платил кауција.

Легендата на Манчестер Јунајтед и Кети Гривил во врска се од 2017 година.

Фудбалскиот сојуз на Велс поради овој инцидент ја поместил прес-конференцијата на која Гигс треба да го објави списокот за претсотјните натпревари во Лигата на нации.

Scroll to Top