Top Sport

Хоспитализиран Диего Марадона

Диего Армандо Марадона бил хоспитализиран во болницата Ла Плата, пренесуваат светските медиуми. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња немал коронавирус, ниту некоја друга болест, туку побарал да биде хоспитализиран бидејќи психички не се чувствувал добро.

Според ЕСПН Аргетнина, изминатите денови Марадона бил „многу депресивен“.

Марадона во вторникот го прослави 60 роденден, а истиот ден со Химнасија Ла Плата забележа победа од 3:0.

„Не е ништо сериозно. Диего е уморен и тоа влијае врз неговото тело“, рекол неговиот доктор.

Марадона, наредните три дена ќе ги мине во болницата во Ла Плата.

„Сакам најмалку три дена да биде овде, за да хидрира и за да закрепне. Кога Диего греши не сака да прифати помош, но денес мораше да го направи тоа. Нема да има потреба да оди во центар за рехабилитација“, заклучил докторот Леополд Луке.

Scroll to Top