Манчестер јунајтед по сите разочарувања во 2021 година, ја завршија календарската година со рутинска 3:1 победа над Барнли обезбедена во првото полувреме, за да се крене моралот на тимот на Ралф Рангник, и да се прослави роденденот на легендарниот менаџер Сер Алекс Фергусон (кој утре полни 80 години).
Скот Мектоминеј, кој имаше одличен меч, уште во 8. минута ги донесе „ѓаволите“ во водство по убава акција на работ на шестнаесетникот, за во 27. минута да биде 2:0 откако по добриот пробив на Џејдон Санчо, Бен Ми си постигна автогол, и во 35. минута Кристијано Роналдо да го постигне својот осми гол во ПЛ оваа сезона. Барнли бргу вратија преку Нил Ленон, но тоа беше се што напави тимот на Шон Дајч.
Трите поени ги креваат Јунајтед на шестото место со 31 поен, колку што имаат и Вест хем пред нив (со натпревар помалку) и четири поени зад четвртопласираниот Арсенал (исто така со натпревар помалку). Барнли, кои имаат само една победа оваа сезона (исто како Њукасл), се на 18. место во зоната за испаѓање со 11 поени, два помалку од Вотфорд.