Тренерот на Бешикташ, Шенол Ѓунеш, повторно го критикуваше англискиот интернационалец, Деле Али, оценувајќи дека тој не заслужува место во тимот во моментов ниту на куп натпревари. Али, кој е играч на Евертон и е позајмен во турскиот клуб, остана на клупата во осминафиналето на Купот на Турција против Анкарагучу, каде Бешикташ загубија на пенали по 1:1 реемито.
„Деле Али имаше добра кариера, но во моментов не заслужува да игра. Не можам да влијаам на таквото однесување на фудбалерите. Да не зборуваме за него како фудбалер, бидејќи е под очекувањата според ефикасноста“, изјави Ѓунеш.
Поранешната ѕвезда на Тотенхем минатиот месец повторно беше посрамотен, кога беше повлечен од игра по само 28 минути во мечот од купот против третолигашот Шанлиурфаспор. Евертон најверојатно ќе го добие назад на крајот на сезоната.