Српскиот фудбалер од средниот ред, Филип Ѓуричиќ вели дека се чувствува како дома во Сасуоло и додава дека одбил трансфер во Милан, бидејќи неговиот сегашен клуб игра „фудбал на иднината“.
Ѓуричиќ потпиша за Сасуоло од Сампдорија во јули 2018 и во 58 меча има 8 гола и 7 асистенции за „нероверди“, импресионирајќи под водството на тренерот Роберто де Зерби.
„Се чувствувам како дома, а претходно играв во клубови со поголем стрес како Бенфика и Сампдорија. Во секоја ситуација има позитивни и негативни работи. Во Сампдорија, Марко Џампаоло како да не ме гледаше, што беше вистинска штета. Во Сасуоло функционираат работите, бидејќи се работи за сериозен и организиран клуб кој секогаш има идеја. Тука играм на крило, од левата страна за да шутирам со десната нога, додека во другите клубови играв зад напаѓачите. Секој потег тука има своја логика. Го гледам Манчестер сити на Гвардиола, и гледам многу сличности во играта. Кај нас ништо не е случајно. Се работи за фудбал кој многумина него разбираат, но тој е иднината“, вели Ѓуричиќ во интервју за „Ла газета дело спорт“.
28-годишниот фудбалер призна дека Марко ван Бастен се обидувал да го убеди да направи трансфер во Милан, но дека не бил подготвен.
„Кажав не, бидејќи Милан подолго време се во криза и не сум подготвен за игра во таков клуб“, додава Ѓуричиќ.