Top Sport

Глазгов Ренџерс последен полуфиналист во Лига Европа

Шкотскиот претставник Глазгов Ренџерс е последниот претставник во полуфиналето на Лигата на Европа откако по продолженија ја совлада Брага на домашен терен со 3:1. Со тоа ја надомести негативата од еден гол (0:1) од првиот меч во Португалија. Во полуфиналето Глазгов Ренџерс за противник ќе го има Лајпциг.

Џејмс Таверние во втората минута донесе предност за домаќинот, а во 44.минута од пенал зголеми на 2:0. Брага остана со фудбалер помалку во 42.минута поради исклучувањето на Тормена, но и покрај тоа постигна гол за 2:1 и за продолженија преку Давид Кармо.

Во 105.минута, Брага остана и со деветмина откако беше исклучен и Јури Медеирос, а само четири минути претходно Глазгов Ренџерс постигна трет погодок преку Кемар Руф.

 

Scroll to Top