Top Sport

Глупоста на капитенот на Ајнтрахт го чини 25.000 евра и 7 недели суспензија

Капитенот на Ајнтрахт Франкфурт, Давид Абрахам е казнет и со суспензија и парично за непотребниот потег што го направи изминатиот викенд во финишот на дуелот со Фрајбург.

Абрахам во судиското продолжение непотребно силно го турна на тервникот домашниот стратег Кристијан Штрајх, по што настана хаос на теренот.

Освен тоа што доби црвен картон, Германската федерација денеска го казни Абрахам и со 25.000 евра, а му одреди и суспензија од 7 недели.

Суспензијата започнува од 10 ноември, па се до 29 декември.

Абрахам ќе пропушти 6 кола во Бундеслигата, мечевите против Волфсбург, Мајнц, Херта, Шалке, Келн и Падерборн.

Scroll to Top