Top Sport

Ѓоковиќ: Во Австралија се чувствував како овца опкружена со 20 волци

Новак Ѓоковиќ никогаш нема да го заборави она што му се случи во Австралија, во јануари 2022 година. Една недела беше во имиграциски притвор, а потоа Австралијците го депортираа од државата.

Ѓоковиќ на најтешките моменти во кариерата се присети по победата на Григор Димитров во третото коло на Мастерсот во Рим.

На прес конфееренцијата повторно се соочи со праша за вакцинацијата и коронавирусот, а тој откри зошто јавно не проговорил на таа тема.

„Јас не сум анти-ваксер и никогаш не сум кажал дека сум. Јас сум избор, ја бранам слободата на избор, слободата да одлучуваш што вбризгуваш во телото, а што не. Еднаш им го објаснив ова на Би-би-си по враќањето од Австралија, но тие од разговорот изфрлија многу од моите реченици. Оние кои не беа згодни. Затоа никогаш повеќе не зборував на оваа тема“, објасни Ѓоковиќ и се потсети на она што го доживеал во Австралија минатата година поради оваа тема.

„Какво место беше таму каде што ме држеа? Затвор. Не можев прозор да отворам. Бев таму помалку од една недела, но таму најдов млади луѓе, воени бегалци, кои беа таму многу долго време. Мојот случај послужи за да се расветлува нивната ситуација, скоро сите беа ослободени на крајот и тоа ме теши. На пример, еден млад Сириец беше таму девет години, а сега е во САД. Кога ќе се вратам летово, би сакал повторно да го видам на Ју-ес опен. Едноставно, се чувствувам поврзан со него“, рече Ѓоковиќ и заклучи:

„Не ги прекршив правилата во Австралија. Влегов во земјата со потребните и исправни документи. Имав коронавирус и бев излечен. Ги почитував правилата и не загрозував никого. Меѓутоа, одеднаш станав политички случај, станав закана за светот. Станав човек што му се заканува на системот чиј дел се медиумите, кој бараше мета против мејнстримот. Ми налепија етикате „но вакс“. Бев ставен во тој контекст, издвоен како „персона нон грата”. Бев сам и се чувствував како овца опкружена со 20 волци. А човек сам нема шанси против големите медиуми. Сепак, брзо го заборавив тоа. Се фокусирав на позитивните работи. По втор пат имав ковид. Секогаш ги прифаќав правилата, не можев да влезам во САД и не отидов. Се откажав од два настапи на Ју-ес опен за да останам доследен на себе. Потоа се вратив во Австралија и победив. Но јас бев разочаран од медиумите и многу мои колеги.Кога половина свет е против тебе, тогаш го гледаш вистинското лице на луѓето. И многу од нив ги свртеа главите, многу играчи и некои организатори“, изјави Новак Ѓоковиќ.

Scroll to Top