Top Sport

Го фати во неверство, па и порачува на жена му: Заслужувам да ме убијат!

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец и играч на Барселона – Ерик Абидал поминува низ љубовен, но и животен бродолом откако во јавноста излезе инфрмацијата дека ја изневерувал својата сопруга Хајет со фудбалерката Кеира Хамрауи.

Споменатата фудбалерка неодамна беше претепана, а главен осомничен е поранешниот ас на Барса.

Наводно на Абидал тешко му паднало што Хамрауи го оставила, па тој е осомничен дека учествувал во нападот врз неа. Несреќната девојка била нападната на улица во Париз со метална шипка.

Французинот одлучил да се „испере“ од целата ситуација, но притоа го признал неверството. Јавно ја замоли сопругата за прошка обидувајќи да стави до знаење колку таа му значи.

„Хајет Абидал што и да одлучиш, во моите очи ќе останеш жената на мојот живот, а посебно мајка на нашите убави деца. Го заслужувам ова понижување дури и заслужувам да ме убијат. Се надевам дека еден ден ќеми простиш“ порача Абидал.

Scroll to Top