Top Sport

Се врати најголемиот на сите времиња

Американскиот голфер Тајгер Вудс по пауза од 9 месеци повторно е на голф терените, на тренинг.

За него многумина мислат дека е еден од најдобрите светски голфери. Имаше принудна пауза затоа што имаше сообраќајна незгода при која доживеа тешка скршеница на десната нога, кога со својот автомобил излета од патот.

Оттогаш Вудс беше надвор од голеф терените, се до сега кога на социјалните мрежи објави видео со негов тренинг.

Снимката предизвика воодушевување кај неговите фанови:

Scroll to Top