Играч кој во Франција настапува за нисколигашот Сортиш добил петгодишна суспензија бидејќи го гризнал за пе…от противничкиот фудбалер од екипата на Тервил.
Инцидентот се случил на 17 ноември минатата година. Несреќникот се обидел да раздвои еден соиграч од противникот кога играчот на Сортиш го повредил.
Фудбалерот добил десет конци на пе…от, не можел четири дена да оди на работа, а виновникот добил пет годишна суспензија.
Интересно и миротворецот добил шест месечна суспензија.
Тервил на тој меч го освоиле првиот бод во сезоната (1:1), но бидејќи се степале со противниците биле казнети со одземање на два бода и 200 евра.