Top Sport

Гризман како „кралот“ Леброн – Барселона го декласираше Бетис (видео)

И без повредените Лионел Меси и Луис Суарез, Барселона стигна до убедлива 5:2 победа над Реал Бетис на „Ноу Камп“, каде што свое шоу имаше новата ѕвезда на Блауграна, Антоан Гризман.

Првично, имаше „шок“ за домаќините, откако Набил Фекир во 15. минута го замолче „Ноу Камп“ за водство на клубот од Севилја, но потоа на сцена стапи Гризман. Французинот прво во 41. минута израмни на 1:1, пред со фантастичен втор гол по пет минути во второто полувреме да го најави супер-пресвртот.

По постигнувањето на голот, Гризман доби конфети и го симулираше својот идол, НБА мега-ѕвездата Леброн Џејмс за интересна прослава.

Ова како да го крена духот на домашниот тим, и само шест минути подоцна (56. минута) Карлес Перез зголеми на 3:1, за во 60. минута Жорди Алба да ја најави катастрофата на Бетис за 4:1. Во 77. минута, замената Артуро Видал начека шанса да зголеми на 5:1, иако само две минути подоцна Лорен да намали на 5:2.

Scroll to Top