Кике Сетиен, тренерот на Реал Бетис доби отказ неколку часа откако неговиот тим успеа да стигне до импресивна 2:0 гостинска победа кај Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во последното коло од шпанската Ла лига.
Клубот од Севилја потврди дека 60-годишниот Сетиен заминува од клубот практично веднаш по големата победа.
Сетиен ја направи својата репутација со малиот клуб Лас Палмас, со кој играше атрактивен фудбал, по што минатата година беше кандидат за работните места во Барселона и во шпанската репрезентација.
Во првата (и единствената) сезона со Бетис, тој стигна до импресивното шесто место со 60 голови, со што неговиот клуб е четврти најефикасен во тешката лига, а исто така стана и првиот тренер кој победил на гости кај Реал и кај Барселона во иста сезона од 2003 година.
View this post on Instagram