Top Sport

Вуиќ: Знам дека ќе ме навредуваат во Сплит

Ракометарот на српската репрезентација, Стефан Вуиќ знае дека го очекува лош прием во Сплит во мечот со Хрватска на ЕП во ракомет, откако ја напушти својата прва татковина за да игра за Србија.

Вуиќ играше за Хрватска на Медитеранските игри во Мерсин во 2013 година, каде што освои сребро, но откако не доби повик за репрезентацијата на следните големи натпреварувања, реши да настапува за Србија, бидејќи има српско потекло.

„Секако дека би сакал да излезам на полната ‘Спаладиум арена’. Знам дека ќе ми свиркаат, дека ќе ме навредуваат, но подготвен сум. Имам пријатели на паркетот, а мислам дека и на трибините“, вели Вуиќ во интервју за „Вечерњи лист“.

Вуиќ, роден во Риека, ја почна кариерата во Пореч, по што играше во француските Нант и Истр, пред во 2015 година да се врати во Хрватска и да игра за ППД Загреб. Моментално тој е играч на романска Стеауа.

„Идејата да играм за Србија се појави во Романија кога разговарав со Иван Димитриевиќ и Милош Костадиновиќ. Потоа разговарав со тренерот Мило Исаковиќ и со селекторот Јовица Цветковиќ. Дојде понуда од Србија, три години од последниот меч за Хрватска и си реков зошто да не. Сакам на спортски план да направам повеќе и тие кои се разбираат во спорт нема да ме осудат. Секако, ќе има луѓе на кои мојата одлука нема да им се допадне“, додава Вуиќ.

Scroll to Top