Top Sport

Го покажа задникот на Интернет, селекторот го исфрли од репрезентацијата

Алжирскиот фудбалер од средниот ред Харис Белкебла е исфрлен од репрезентацијата која ќе настапи на Африканскиот куп на нации во Египет, откако го покажа својот задник во живо на Интернет.

Белкелба, кој првпат беше повикан во алжирската репрезентација, на социјалните мрежи го покажа задникот додека неговиот соиграч Александер Укиџа играше „Фортнајт“ на компјутер. Селекторот Џамел Белмади потврди дека Белкелба е исфрлен од тимот бидејќи „дисциплината е најважна“.

Белкелба по ова се извини на соиграчите и на алжирскиот народ пред подготовките за Африканскиот куп на нации.

„Сакам да се извинам на сите Алжирци, бидејќи не знаев дека тоа е во живо на социјалните мрежи. Мојот гест беше непристоен. Направив грешка и ја платив цената. Срцето ми е скршено. Ќе навивам Алжир да го освои шампионатот, но мојот сон завршува тука“, изјави 25-годишниот Белкалба.

Африканскиот куп на нации почнува на 21 јуни, а Алжир е во групата Ц со Сенегал, Кенија и Танзанија.

Scroll to Top