Top Sport

Милан со скромен буџет по засилувања – го сакаат Круниќ од Емполи

Милан ја победиле Џенова во „трката“ за фудбалерот од средниот ред на Емполи, Раде Круниќ за 6 милиони евра, објавува „Скај спорт Италија“.

Според нив, договорот е веќе склучен и може да биде ратификуван веќе утре. Круниќ, кој е репрезентативец на Босна и Херцеговина, очекуваше да замине во Џенова заедно со поранешниот тренер на Емполи, Аурелио Андреацоли, но Милан решиле да дадат подобра понуда за 25-годишниот фудбалер.

Милан ова лето нема да троши многу пари, откако последните извештаи велат дека клубот повторно загубил над 100 милиони евра, а исто така е под закана на УЕФА за европска суспензија поради прекршувањето на финансискиот фер-плеј.

Scroll to Top