Неодамна киднапираниот татко на фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз наскоро ќе биде пуштен на слобода. Групата која го киднапираше излезе со соопштение во кое го потврди тоа.
Групата што првично ги киднапираше родителите на Дијаз, неговата мајка беше спасена по само неколку часа, беше идентификувана од колумбиската влада како Олободителна национална армија. Тие во соопштението навеле дека немале намера да му наштетат на семејството на репрезентативецот, и дека ќе го ослободат Луис Мануел Дијаз.
Ослободителната национална армија во Колумбија е одред кој не е во директен контакт со државата и преговара со претставници на законот за примирје, имајќи предвид дека тие работат на ставање крај на конфликтот кој беснее речиси 60 години.
„Работниот фронт на север нè принудува да преземеме економски мисии, а една од нив е обезбедување на слободата, која ќе му ја гарантираме и на Луис Мануел Дијаз, таткото на Луис Дијаз, штом ќе утврдиме дека тоа е всушност неговиот идентитет. Тој е член на семејството на врвен спортист кој сите ние Колумбијци го сакаме. Ќе го ослободиме штом тоа се случи, сакаме да избегнеме инциденти. Луис Дијаз е симбол на нашата земја, се надеваме дека проблемите ќе се решат“, се вели во соопштението објавено во весникот „ЕЛ Колумбијано“.