Top Sport

Го удрија Пике по џеб – казна од 48.000 евра за брзо возење

На одбранбениот играч на Барселона и на шпанската фудбалска репрезентација, Џерар Пике по се изгледа не му доаѓа памет кога е во прашање брзото возење.

Тој минатите години неколкупати беше казнуван поради брзо возење, но последната казна му е „посолена“ од претходните.
Пике со последната казна која ја заработи деновиве го премина максималниот број казнени поени на возачката дозвола, па во следните 15 дена тој мора да плати казна од 48.000 евра.

Останува да видиме дали оваа казна ќе го „опамети“ во возењето.

Scroll to Top