Top Sport

Годин и официјално во Каљари

Уругвајскиот дефанзивец Диего Годин и официјално е нов играч на Каљари по трансферот од Интер, откако клубот од Сардинија му даде тригодишен договор.

Годин пристигна во Интер од Атлетико Мадрид минатата сезона и заминува по само една сезона на „Џузепе Меаца“.

„Каљари се пресреќни што го објавуваат потписот на Диего Годин од Интер. Уругвајскиот дефанзивец ќе биде фудбалер на Рособлу до 30 јуни 2023 година“, се вели во соопштението на клубот.

Scroll to Top