Top Sport

ЛЕ: Нафиу го „стресе“ Харт, но Тотенхем лесно ја мина Шкендија

Европското патешествие за Шкендија заврши вечерва во Скопје, со поразот од 3:1 од моќниот Тотенхем на Жозе Мурињо во третото квалификациско коло во Лига Европа, во меч во кој премиерлигашот ја имаше контролата, а на тетовци не им беше доволен фантастичниот гол на Ваљмир Нафиу.

Спарси имаа тотална доминација во првото полувреме и стигнаа до ран гол преку Ерик Ламела уште во петтата минута, но Нафиу во 55. минута успеа да го матира Џо Харт со фантастичен гол од далечина.

Сепак, тимот на Жозе Мурињо се врати во 70-тата минута со голот на Сон Хеунг-Мин по одбиената топка од голманот Захов, пред во 80-тата минута, Сон да му асистира на Хери Кејн за 1:3.

ЛИГА ЕВРОПА, 3.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

Шкендија (Мкд) – Тотенхем (Анг) 1:3

Шарлроа (Бел) – Партизан (Срб) 1:1, 2:1 по продолженија

Бешикташ (Тур) – Рио Аве (Пор) 1:1, 2:4 пенали

Флоријана (Мал) – Флора (Ест) 0:0, 2:4 пенали

Копенхаген (Дан) – Пјонст (Пол) 2:0

Галатасарај (Тур) – Хајдук (Хрв) 2:0

Гранада (Шпа) – Локомотива Тбилиси (Гру) 2:0

Клаксвик (Фар) – Динамо Тбилиси (Гру) 6:1

Сараево (БиХ) – Будуќност (ЦГо) 2:1

Scroll to Top