Top Sport

Годин се враќа во Атлетико?

Кариерата на Диего Годин се движи по надолна линија од 2019 година, кога го напушти Атлетико Мадрид и се пресели во Интер.

Искусниот уругвајски фудбалер, не ја доби вистинската шанса кај Антонио Конте во Интер. По една сезона се пресели во Каљари, а како сега стојат работите, во зимскиот преоден рок ќе ја напушти Сардинија.

Каљари биле подготвени да го раскинат договорот со Годин, што би му овозможило да замине од клубот без обесштетување.

Според шпанските медиуми тој имал желба да се врати во Атлетико. Би прифатил да биде има помала улога во тимот и помала плата.

Атлетико, со години беше најдобриот дефанзивен тим во Европа, но оваа сезона токму во одбраната тимот на Чо Симеоне има најмногу проблеми. Во првите 12 натпревари, во Ла Лига, Атлетико примил исто толку голови.

Scroll to Top