Top Sport

Гол-машината Халанд пак „удри“, но Вердер ги исфрли БВБ од Германскиот куп (видео)

Голгетерското „чудо од дете“, Ерлинг Халанд повторно влезе како замена и постигна гол за Борусија Дортмунд, но „милионерите“ беа елиминирани во осминафиналето од Германскиот ДФБ куп по 3:2 поразот на гости кај Вердер Бремен.

Ова е осми гол во четири натпревари за норвешкиот тинејџер во дресот на БВБ, и тоа на три од тие мечеви не беше стартер, односно постигнал осум гола за само 153 минути игра, што е статистика со која никој не може да се пофали.

Меѓутоа, Дортмунд во второто полувреме имаше тешка задача, откако Зелке и Битенкур донесоа 2:0 водство за Вердер по само половина час игра.  Халанд во 67. минута намали на 2:1, но Рашица само три минути подоцна ја врати предноста од два гола на домаќините, пред Џовани Рејна во 78. минута да ги постави конечните 3:2

ДФБ КУП, 1/8 ФИНАЛЕ

Ајнтрахт Франкфурт – РБ Лајпциг 3:1

Кајзерслаутерн – Фортуна Диселдорф 2:5

Вердер Бремен – Борусија Дортмунд 3:2

Шалке – Херта Берлин 2:2, 3:2 по продолженија





Scroll to Top