Top Sport

Гол на Алиоски, победа на Лидс (Видео)

Македоснкиот репрезентативец Езгијан Алиоски го постигна својот прв гол во дресот на Лидс, во новата сезона. Алиоски беше стрелец на еден од трите гола со кои Лидс славеа во Стоук со 3-0.

Лидс под водство на „лудакот“ Марсело Бијелса силно влегоа во новата сезона и по пет кола се на лидерската позиција во Чемпиошип дивизијата.

Лидс во Стоук головите ги постигнаа во периодот од 42 до 66 минута, преку Далас, Алиоски и Бамфорд.

Тимот на Алиоски по пет кола има 13 бода.

Scroll to Top