Top Sport

Ван Анхолт го шокира „Олд Трафорд“ (Видео)

Фудбалерите на Кристал Палас го шокираа Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ во рамките на третото коло во Премиер лигата. Ова е прва првенствена победа за Кристал Палас на теренот на Јунајтед по пауза од речиси три децении. Голот за победа на тимот од Лондон го постигна Ван Анхолт во 93 минута. Попладневната програма во Премиер лигата донесе пет победи на гостите на исто толку натпревари.

Кристал Палас против Манчестер Јунајтед ги освои првите бодови и ги постигна првите голови оваа сезона. Јунајтед, од друга страна, покажаа низа слабости, иако доминираа во поседот на топка.

Гостите постигнаа гол од првиот сериозен напад, Шлуп го натскока Линделоф ја спушти топката до Ају кој лесно ја реши ситуацијата „еден на еден“ со Де Хеа во 32 минута.

Во второто полувреме Јунајтед добија пенал, по стартот на Миливојевиќ врз Мектиминеј, меѓутоа Рашфорд во 70 минута го погоди дирекот. Втор промашен пенал за Јунајтед сезонава, откако во минатото коло не успеа да погоди Погба.

Надеж дека ќе освојат барем бод на Јунајтед им донесе младиот Џејмс, кој во претпоследната минута постигна убав гол.

Меѓутоа четири минути подоцна Палас реализираа еден од ретките напади кон голот на Де Хеа во вториот дел. Заха не успеа со соло акција, топката дојде до левиот бек Ван Анхолт кој беше прецизен.

Првата победа во сезоната ја забележаа и играчите на Вест Хем. Кај Вотфорд „чеканите“ триумфираа 3-1, а двоен стрелец беше засилувањето од Ајнтрахт Алер.

Саутемптон со головите на Џенепе и Редмонд победија со 2-0 кај Брајтон, додека Лестер славеа 2-1 во Шефилд.

Scroll to Top