Top Sport

Голчиште на Малиновски, Аталанта се израмни со Јуве!

Руслан Малиновски постигна фантастичен гол, а Аталанта стигна до рутинска 0:2 победа на гостувањето кај Сампдорија за да се израмни со Јувентус на четвртото место во Серија А.

Малиновски во 40. минута од мечот направи соло продор, по што со стил го совлада Емил Аудеро, за во второто полувреме, Робин Госенс во 70. минута да ја потврди 13-тата победа на клубот од Бергамо оваа сезона.

Аталанта сега има 46 поени на четвртото место на табелата, исто колку и третопласираниот Јувентус и седум зад лидерот Интер. Сампдорија е на 10. место со 30 поени.

Scroll to Top