Top Sport

Совршен февруари за Матју Фавр – прво две злата, сега победа во Банско

Двократниот светски шампион, французинот Матју Фавр стигна до импресивна победа на велеслаломот од Светскиот куп во бугарскиот ски-центар Банско, остварувајќи го првиот триумф по пауза од четири години.

Французинот имаше две импресивни возења поставувајќи две најдобри времиња за да го победи Швајцарецот Марко Одермат и сонародникот Алексис Пинтуро за совршен камбек откако на вчерашната трка заврши на второто место.

Одермат со второто место се доближи на само 45 поени зад лидерот во генерален пласман Алексис Пинтуро, додека Филип Зубчиќ по вчерашната победа, имаше лошо прво возење и Хрватот се задоволи со 14. место. Фавр, кој освои две злата на неодамна завршеното Светско првенство, сега е петти во генерален пласман во велеслалом на две трки до крајот на сезоната.

Scroll to Top