Реал Мадрид е освојувач на Шпанскиот Суперкуп, откако во финалето во Ријад, Саудиска Арабија со 2:0 го совладаа стариот баскиски ривал, Атлетик Билбао, за да докажат дека во моментов се најсилната шпанска екипа.
Откако во полуфиналето по продолженија со 3:2 ја совладаа Барселона, против Атлетик работата ја завршија во регуларните 90 минути. Прво Атлетик се жалеа дека се оштетени за пенал, пред Лука Модриќ во 38. минута од мечот да покаже дека годините не се пречка за талентираните, постигнувајќи фантастичен гол.
Luka Modric goal ⚽
Great work by Rodrygo down the right and the Croatian maestro scoops his shot into the net ?
Real Madrid 1-0 Bilbaopic.twitter.com/oRQRqFfkpV
— AFCON 2021 ?? (@birdiefootball) January 16, 2022
Во 52. минута од мечот „кралевите“ го удвоија водството кога по игра со рака во шестнаесетникот на Атлетик, беше досуден пенал, а Карим Бензема не згреши од белата точка. Атлетик го добија својот пенал во 87. минута, кога повторно поради игра со рака Едер Милитао доби црвен картон, но обидот на Раул Гарсија заврши само во рацете на Тибо Куртоа.
Ова е 12. титула од Суперкупот на Шпанија за Реал Мадрид, со што се доближија до 13-те титули на Барселона во натпреварувањето кое првпат се оддржа во 1982 година. Билбао беа актуелни освојувачи на Суперкупот и во полуфиналето го совладаа шпанскиот шампион, Атлетико Мадрид.