Top Sport

Африканскиот шампион Алжир пред елиминација – загубија од 114-рангираната Екваторска Гвинеја

Алжир, актуелниот шампион од Африканскиот куп на нации, е пред елиминација во овогодишното натпреварување, откако 114. на ФИФА листата, Екваторска Гвинеја стигнаа до славна 1:0 победа над апсолутните фаворити.

Бидејќи во првиот меч одиграа само 0:0 со Сиера Леоне (кои денеска на драматичен начин одиграа 2:2 со Брегот на Слоновата Коска), Алжир остануваат последни на табелата со само еден поен, а во последното коло се судираат токму со БСК.

Иако во репрезентацијата на Џамел Белмади има ѕвезди од калибарот на Марез, Бенасер и Бенсаиби, тие остануваат без постигнат гол на шампионатот во Камерун. Екваторска Гвинеја, чиј најдобар пласман на Африканскиот куп е четвртото место во 2015 година кога беа домаќини го постигнаа единствениот гол на мечот преку Естебан Обијанг во 70. минута од мечот.

Scroll to Top