Фудбалерите на Ди-Си Јунајтед утрово забележаа минимална победа над Торонто, во натпревар од МЛС лигата.
Единствениот гол на натпреварот го постигна поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.
Руни, во 18.минута, постигна еден од најубавите голови во својата кариера. Тој го совлада противничкиот голман со перфектно изведен слободен удар од 30 метри.
Голот против Торонто беше десетти за Англичанецот во 18.натпревар сезоната. Руни на последните пет натпревари има постигнато шест гола, а неговиот тим на тие натпревари не загубил.
Just an absurd free kick from Wayne Rooney. #SCtop10 pic.twitter.com/G6xegzMuvQ
— SportsCenter (@SportsCenter) October 18, 2018