Top Sport

Конор не троши ниту еден цент од своите пари, сѐ му даваат спонзорите (галерија)

Џон Кавано, тренерот на ММА ѕвездата Конор Мекгрегор вели дека Ирецот никогаш не троши од своите пари, бидејќи компаниите му плаќаат да ја носи нивната облека, нивниот накит и нивните автомобили, а околу јадењето најмногу преферира „домашно зготвено“ од неговата сопруга, наместо блескавите и скапи ресторани.

УФЦ ѕвездата никогаш не пропушта шанса преку социјалните мрежи да се пофали со своите екстравагантна облека, автомобили, накит, а проценките велат дека има богатсво од 75 милиони фунти, но според неговиот добар пријател Кавано, тоа не го чини ништо.

„Мислам дека Конор сега сака да е конкурентен со својот бизнис, со своето виски, исто како во октагонот. Знам дека ќе звучи чудно, но тој воопшто не троши многу пари. Всушност заработува со сѐ што носи, бидејќи му плаќаат за тоа, сѐ што вози му е подарено, не оди во ресторани, неговата госпоѓа му готви. Живее во релативно скромен дом, не се коцка“, вели Кавано во интервју за „Ајриш индепендент“.

Scroll to Top