Top Sport

Голем срам за Барса, историски пораз од Баерн со 8-2

Пораз и понижување за историја вечерва и се случи на Барселона, екипата која цела сезона во Лигата на шампиони немаше пораз.

Баерн Минхен – Барселона 8-2 стоеше на семафорот на стадионот „Луж“ во Лисабон, Португалија, по четвртфиналниот двобој на двата фудбалски гиганти.

Меси, Суарез и другарите со наведнати глави го напуштија тревникот по невидениот срам што им се случи вечерва.

Во двете полувремиња Баварците славеа со резултат 4-1. Баварците до врв ја наполнија мрежата на Германецот Тер Штеген додека тренерот Кике Сетиен немо седеше на клупата гледајќи го срамното издание на својата екипа.

Баерн поведе со 1-0 уште во 4 минута, стрелец беше Томас Милер.

Само 3 минути подоцна веќе беше 1-1, автогол на дефанзивецот на минхенскиот клуб, Давид Алаба.

На новото водство сна Баварците се чекаше до 22 минута, Хрватот Перишиќ постигна погодок за 2-1.

Во 28 минута на семафорот веќе стоеше 3-1 во корист на Баерн. Стрелец Габри.

Уште не беа соземени од шокот, а фудбалерите на Барселона и по четврти пат ја вадеа топката од својата мрежа. Стрелец на четвртиот погодок за Баерн беше Томас Милер, по вторпат.

4-1 беше резултат на полувремето.

Во вториот дел Суарез прв се запиша во листатата на стрелци, во 57 минута. Намали на 4-2 и донесе надеж, која сепак, траеше само 6 минути.

Кимих во 63 минута по одличниот продор на Кимих пак ги носи Баварците на +3, 5-2 е.

Тука веќе застана машината на Сетиен, Меси и Суарез заедно со останатите се изгубија на теренот и до крајот дозволија понижувањето да биде комплетно.

Последните 3 гола за Баерн беа дело на Левандовски, во 82 минута со глава, на асистенција на нвовлезениот Кутињо, кој е играч на Барса, што е на позајмица во минхенскиот клуб.

Поразот да пече уште повеќе, се погрижи токму нивниот, Кутињо, ги постигна последните 2 гола за конечни 8-2 на „Луж“.

Баерн го чека полуфинален дуел со подобриот од мечот Манчестер Сити – Лион, а Управата на Барселона ќе треба да размисли кој се може да биде дел од овој голем клуб.

Scroll to Top