Top Sport

Левандовски сруши рекорд на Клинсман – дава гол на осми меч во низа

Полскиот фудбалер во нападот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски вечерва во историската победа од 8-2 против Барселона во Лисабон учествуваше со само 1 гол, но доволен да сруши рекорд на легендата на германскиот фудбал, Јирген Клинсман од 1996 година.

Полјакот постигна рекорд со тоа што на 8 меча во низа на натпревар од водечките европски натпреварувања постигнал најмалку по еден гол.

Напаѓач стигна и до неговиот 50-ти гол за Баварците во ЛШ.

Scroll to Top