Top Sport

Голем удар за Португалија: Диого Жота го пропушта Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Португалија остана без една од своите ѕвезди за претстојното Светско првенство во Катар. Напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, поради повреда нема да биде дел од Мундијалот.

Ова го потврди менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

„Сега можам да кажам дека Диого ќе биде надвор од терените со месеци. Тој сигурно ќе го пропушти Светското првенство. Ќе видиме точно до кога, но му посакувам брзо закрепнување“, изјави германскиот стратег.

Диого Жота е последното име што е на списокот на повредени во Ливерпул. Поради разлилни повреди надвор од терените се и Луис Дијаз, Жоел Матип, Ибрахима Конате, Кертис Џонс, Наби Кеита, Артур Мело и Алекс Окслејд-Чемберлен.

Scroll to Top