Тренерот на Брајтон, Роберто Де Зерби ја коментираше ситуацијата поврзана со трансферот на Моизес Каиседо и борбата што за неговиот потпис ја водат Ливерпул и Челзи.
Трансферот на Каиседо е нешто досега невидено во светскиот фудбал. Ливерпул постигна договор со Брајтон, Јирген Клоп потврди дека негоито клуб ќе го урне британскиот рекорд, а потоа се огласи фудбалерот со изјават дека им дал збор на луѓето од Челси и дека ќе прифати трансфер само на „Стенфорд Бриџ“.
„Мислам дека големите клубови можат да ги купат нашите играчи, но не можат да ја купат нашата душа и нашиот дух. Не не се продава. Тоа е многу е поважно од играчите кога ќе го напуштат клубот“, изјави Италијанецот.