Top Sport

Големото срце на Агуеро – го остави Ренџ Роверот на лотарија за вработените

Серхио Агуеро го напушти Манчестер сити и веќе е нов фудбалер на Барселона, но пред да замине во Каталонија, тој успеа богато да ги награди вработените во својот поранешен клуб.

32-годишниот Аргентинец, кој останува рекордер на Сити со постигнати 260 голови во една деценија во северна Англија, и според „Атлетик“, пред да замине им купил на сите членови на клубот (повеќе од 60), скапи часовници „Хублот“ или „Таг Хојер“ (со цена од 1.000 до 8.000 фунти), на кои имало кратка убава порака: „Грасијас! Кун Агуеро“.

Покрај тоа, тој го оставил својот Ренџ Ровер Евок вреден 40.000 фунти да се додели со лотарија во клубот, кој го освоил човекот кој ги подготвува дресовите на клубот.

Ова не е првпат да се зборува за дарежливоста на Агуеро – тој на крајот на сезоната секогаш бил тој што донирал најмногу кеш во делот кој фудбалерите го собирале за придружниот тим на Сити.

Scroll to Top