Top Sport

Голман доби бизарен црвен картон во пенал-серијата (Видео)

Ретко видена драма се случувала синоќа во Честерфилд, на натпреварот помеѓу Ирска и Холандија, одигран во четврт-финалето на Европското првенство за играчи до 17 години.

Пласман во полу-финалето избори Холандија со победата на пенали 5:4. Претходно натпреварот заврши без голови.

Меѓутоа она што е тема во фудбалскиот свет е одлуката на главниот судија Збигњев Проске од чешка, во пенал серијата да го исклучи голманот на Ирска, Џими Коркоран.

Ирскиот голман, во деветтата серија, успеал да го одбрани пеналот, но судијата решил да го казни со жолт картон бидејќи предвреме ја напуштил гол-линија. Бидејќи Корокоран веќе имал ѓолт картон чешкиот судија му покажал и црвен картон.

Пеналот потоа бил повторен, на голот на ирска застанал играчот Мекинти, кој не успеал да одбрани.

Интересно, не реализир апенал на поечтокот на серијата, а промашувањето не се разликува од ситуацијата во која проске го исклучи Коркоран.

Scroll to Top